Капитенската лента мотив за Барди: Последен пат кога бев капитен, постигнав хет-трик!

Енис Барди и во овој циклус во Лигата на нациите ќе биде еден од главните адути на македонската фудбалска репрезентација, а утре во Разград ќе има дополнителна улога, повторно ќе биде капитен на нашиот национален тим.

За него тоа е голем мотив за да блесне, како што го стори тоа со хет-трикот против Ерменија во победата од 5-0.

„Огромна чест и задоволство ми е што повторно ќе имам обврска да ја носам капитенската улога. Сепак, редовно потенцирам дека во овој тим сите сме капитени и еднакво придонесуваме за секој успех на селекцијата. Да потсетам, кога последен пат бев капитен, постигнав три гола, а славевме со 5-0 против Ерменија“, истакна Барди и додаде:

„Остварувавме победи и кога не бевме сметани за фаворити. Да останеме фокусирани и максимално да се потрудиме утре да извојуваме добар резултат“, заврши македонскиот ас.

Дуелот Бугарија – Македонија е предвиден да започне во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести