Капитенски за Мрме од Гранде Пандев: Благодарам е малку да ти кажам, вечно ќе останеш во моето срце… (Фото)

Горан Пандев со емотивна порака на Инстаграм му се заблагодари на Игор Ангеловски за успесите на македонската репрезентација, за патот кон друштво со европскиот крем што почна во 2015 година, за настапот на Европското првенство и за одличната атмосфера што владееше во таборот на македонската репрезентација.

„Првпат кога се сретнавме во октомври 2015 година, во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да се врати репрезентацијата во живот. Ги паметам твоите зборови дека од репрезентацијата ќе направите една голема фамилија и дека целта е Македонија да се пласира на Европско првенство.

Сите овие години не беше лесно, имаше и многу пречки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Гранде Пандев.

Горан Пандев се прости од настапите во дресот со националните обележја на мечот со Холандија во Амстердам, а по него и селекторот Игор Ангеловски објави дека за последен пат ја водеше македонската репрезентација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести