21.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Карабаг убедливо победи кај Шелбурн и сега може да размислува за следниот ривал а тоа е Шкендија или ФЦСБ

Екипата на Карабаг убедливо со 3:0 победи на гости кај Шелбурн во првиот меч од второто квалификациско коло во Лига на шампиони. Со овој триумф, тимот од Азербејџан речиси си го завери местото во следното коло затоа што следува реваншот и тоа на свој терен, каде сигурно нема да ја прокоцка високата предност.

Уште во 13 минута Карабаг поведе и тоа со голот на Леандро Андраде. Водството од 1:0 на гостите беше до финишот на средбата кога тимот од Азербејџан постигна уште два гола и на крајот стигна до убедлива победа.

Карабаг во третото коло од квалификациите ќе го чека подобриот од двомечот меѓу Шкендија и ФЦСБ. Македонскиот првак победи со 1:0 на вчерашниот меч во Скопје, а следниот вторник е реваншот во Романија.

- Оглас -

Најнови вести