11.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Карабах го сопре Челзи, Виљареал загуби на Кипар (Видео)

Светскиот клупски првак Челзи одигра само 2-2 на гости во Азербејџан против тимот на Карабах. Шпанскиот Виљареал загуби на гости на Кипар од Пафос со 1-0. Ова се изненадувачки резултати на првите два меча од денешната програма во Лигата на шампионите.

Естевао во 16-тата минута донесе водство за Челзи, но Карабах направи пресврт до паузата. Леандро Андраде во 29-тата минута израмни, а Јанковиќ од пенал се погрижи тимот од Азербејџан да има предност на полувремето.

Во вториот дел Алехандро Гарначо ги постави конечните 2-2.

Пафос славеше против Виљареал со 1-0, со голот на Дерик Лукасен постигнат во 47-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести