9.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Карабах ја елиминира Шкендија, сега на ред е Лигата на Европа

Фудбалерите на Шкендија го завршија и повеќе од успешниот настап во Лигата на шампионите со убедлив пораз на гостувањето во Баку. Тетовци откако ги елиминираа ТНС и ФЦСБ, со порази од Карабах се селат во плејофот од Лигата на Европа, каде што за противник ќе го имаат поразениот од двомечот на Ференцварош и Лудогорец.

Карабах на денешниот меч славеше со убедливи 5-1, а победникот беше решен уште во првото полувреме, кога Азербејџанците имаа високи 4-1.

Сепак, Шкендија беше таа која прва поведе, и тоа преку Тамба во 10-тата минута, по фантастичното проигрување од Бесарт Ибраими. Радоста траеше само шест минути бидејќи во 16-тата минута Цаке си постигна автогол и тука како да се срушија сите надежи за македонскиот шампион.

Само две минути подоцна, Карабах веќе дојде во водство преку Кеди, а Акунѕаде во 33-тата и Јанковиќ од пенал во 35-тата зголемија на 3-1, односно 4-1.

Конечните 5-1 ги постави Лендро Андраде во 59-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести