Карабах ќе најде лек за Лех?

6718 Карабах – Лех Познањ (18.00 часот)

Полјаците пред една недела на свој терен победија само со 1-0, па со право стравуваат пред денешниот дуел во Баку, иако оваа средба не е на стадионот на кој Карабах игра како домаќин во домашното првенство. Ова е дуел на два тима во кои мнозинство се странски фудбалери, така што рејтингот на полскиот и азербејџанскиот фудбал немаат големо влијание. Лех викендов загуби од Раков со 0-2 во полскиот суперкуп. Лех уште од 9 април нема играно нерешено, сега би биле задоволни и со реми.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.79)

 

6720 Шериф – Зрињски (19.00 часот)

Молдавскиот и босанскиот првак одиграа 0-0 на првиот меч, затоа сега Шериф кој е домаќин ќе биде фаворит на хартија. Иако Шериф е многу ослабен во однос на минатата сезона кога играше во групите на ЛШ и во Мадрид го победи Реал, сепак не би требало да киксира дома против тимот од Мостар. Ова се два тима кои одамна не ја почувствувале горчината на поразот, затоа и нерешен резултат не би бил сензација.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.73)

 

2621 Ландскрона – Халмстад (19.00 часот)

Ова е дуел од 13-тото коло во втората шведска лига. Халмстад е лидер на табелата, во 12 кола извојува осум победи, но во последните три кола играат променливо, имаа по една победа, пораз и нерешен исход. Халмстад е ефикасен, даде 25 гола на 12 меча. Ландскрона има серија од девет кола без пораз, оди по трета победа едноподруго. Овие тимови немаат играно официјален меч меѓусебе уште од 2018 година.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.07)

 

2501 Сандефјорд – Алесунд (20.00 часот)

Сандефјорд во досегашните 11 меча, само еднаш одигра нерешено и тоа пред две кола. Имаат примено 23 гола. Алесунд има шест бода повеќе, но и одиграни два меча повеќе. Алесунд во 13 кола има 5 победи и по 4 ремија и порази. Одлични се квотите за конечен тип. Ова се различни екипи, Сандефјорд често игра на 3+ голови, а Алесунд во последно време обично игра со 0-2 гола. Последните два меѓусебни дуели им беа во 2020 година, Сандефјорд победуваше со 1-0.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.70)

 

6724 Сутјеска – Лудогорец (21.00 часот)

Црногорците и Бугарите се борат за пласман понатаму и за дуели најверојатно против ирски Шамрок во следната фаза. Лудогорец славеше со 2-0 на првиот меч, двата гола паднаа во последните 15 минути, и повторно е фаворит. Сутјеска е домаќин, но само на хартија, средбата не се игра во Никшиќ, туку во Подгорица. Лудогорец е во форма, има серија од три чисти победи, сите без примен гол.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести