Карабах шутна дури 13 пати против П’лзењ, но им остана проклетството против чешките екипи

Карабах и П’лзењ одиграа без голови во денешниот премиерен меч од последната квалификациска фаза за настап во Лигата на шампионите.

Првакот на Азербејџан беше надмоќен, но не успеа да го сопре чешкото проклетство што го има во дуелите со екипите од оваа земја.

Ова им е седми меч против чешка екипа во еврокуповите и немаат ниту една победа, со три порази и четири нерешени дуели.

Азербејџанците упатија дури 13 удари кон противничкиот гол, 8 од нив одеа директно кон гостинскиот гол, но ниту еден не заврши зад грбот на Станек.

Голманот на П’лзењ беше и играч на мечот и најзаслужен што чешкиот првак избегна пораз во Баку.

Реваншот се игра за 7 дена, а вкупниот победник од двомечот ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести