Карабатиќ како Ван Дајк, поради тешка повреда, ќе паузира цела сезона

Никола Карабатиќ, еден од најдобрите ракометари во светот, се здоби со идентична повреда како Вирџил ван Дајк, стоперот на Ливерпул.

Карабатиќ ги скина вкрстените лигаменти на деносто колено и му се предвидува долга пауза, поради што ќе го пропушти Светското првенство кое на почетокот од 2021 година ќе се одржи во Египет.

„Никола Карабатиќ мораше предвреме да го заврши саботниот меч против Ајври поради повреда, а деталните прегледи потврдија скинати вкрстени лигаменти на десното колено и наскоро ќе му биде направена операција. Се проценува дека Никола ќе паузира неколку месеци“, пишува во соопштението на ПСЖ.

Со оглед на тоа дека Карабатиќ има 36 години, ќе се види како ќе се одвива неговата рехабилитација на оваа тешка повреда, па затоа е неизвесно дали ќе се врати на терените до почетокот на Олимписките игри кои следното лето ќе се одржат во Токио.

- Оглас -

Најнови вести