Карабатиќ ќе се збогува со „триколорите“ по ЛОИ 2020 година

Никола Карабатиќ се подготвува за збогување со националната репрезентација, а вели дека ќе игра за Франција за последен пат на Летните олипмиски игри во Токио следната година.

„Ќе имам 36 години во 2020 и време е да мислам на моето здравје и да се збогувам со настапите за репрезентацијата. Ќе имам време да играм со децата и да не мислам на календарот со ракометни натпревари“, изјави Карабатиќ.

Никола има богата колекција медали од големите натпреварувања, беше двоен олимписки првак со Франција и има едно сребро, потоа и четири светски круни и три од европските првенства.

Во 2007, 2014 и 2016 година беше прогласен за најдобар ракометар на планетата.

- Оглас -

Најнови вести