36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Карабатиќ шокиран од тоа што се случува пред почетокот на ЕП

Една од најголемите ѕвезди на европското ракометно првенство, секако, е Никола Карабатиќ. Лидерот на француската селекција е шокиран од тоа што го видел во Сегедин, градот каде што Франција ќе ги игра мечевите од групната фаза.

Карабатиќ вели дека во хотелот во кој се сместени Галските петли воопшто не се почитуваат протоколите за заштита од корона-вирусот и дека ракометарите се мешаат со останатите гости во хотелот, каде што никој не носи маски на лицето.

„Не сме изненадени, туку шокирани од условите во кои натпреварувањето ќе се игра. Ние постојано внимаваме на протоколите за корона-вирусот за да не бидеме заразени, а кога дојдовме тука, никој не носеше маски. Сите гости во хотелот јадат заедно со нас на масите. Ова едноставно не е прифатливо!“, револтирано реагираше Карабатиќ.

Франција е во група со Хрватска, Србија и Украина, а во првиот меч ќе игра против Коцкестите, и тоа в четврток од 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести