14.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Карачиќ ја објаснува победничката акција

Игор Карачиќ има можност да стане еден од ретките ракометари кои ќе може да се пофали дека во исто време е актуелен европски клупски првак и континетален репрезентативен владетел. Карачиќ одигра одличен меч против Норвешка, иако на претходниот меч против Шпанија го повреди коленото.

„Бев многу истрошен, се убив против Шпанија. Не знам како успеавме да издржиме денеска, но ќе имаме сили за финалето. Последниот гол на Муса е ситуација која ја имаме вежбано на тренинзите. Кога топката се одби во наш посед, видов во семафорот и забележав дека има девет секунди до крајот. Пред мене имаше два-три играчи на Норвешка но решив да му додадам на Муса. Го слушнав Дувњак позади мене како ми вика „Кара, Кара“, но јас решив да му ја додадам топката на Муса“, објасни Карачиќ за клучната асистенција која донесе и победа на Хрватска и место во финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести