Игор Карачиќ со солзи во очите на прес-конференцијата по мечот „го отвори срцето“. Хрватскиот репрезентативец кој е еден од милениците на навивачите на Вардар
„Сите знаат што се случува со Вардар. Жално е што се збогуваме со оваа публика, па затоа многу наши играчи имаа солзи во очите. И покрај сите тешки моменти, ние го оставаме срцето за Вардар. На чело со капитенот Стоилов, овие момци засекогаш треба да бидат запишани во историјата на македонскиот ракомет. Што се однесува до мечот, во Сегед одиме со истата мотивација. Нема да не залаже резултатот и ќе бидеме максимално подготвени“, рече Карачиќ.
Тренерот Гарсија Парондо ги нарече ракометарите дека се херои.
„Повторно ќе кажам, горд сум на овие играчи. Овие ракометари се херои. Цела сезона постојано се соочуваме со многу проблеми, некогаш воопшто не можевме ниту да мислиме на ракометот, но покажавме сила. Ништо не може да ги скрши овие играчи. Го одиграа феноменално последниот меч пред оваа публика“, задоволен беше шпанскиот стратег.