Игор Карачиќ се загрева во „Јане Сандански“ за дуел од ракометната Лига на шампиони. Слика која со години ја гледавме стотина пати и воопшто не е необично. Сепак, едно е различно од порано. Овојпат Карачиќ не е во дресот на Вардар.
Хрватот кој помина седум години како играч на македонскиот ракометен гигант, од оваа сезона го носи дресот на Кјелце, денешниот ривал на Вардар во ЛШ. Иако во жолт дрес, Карачиќ беше дочекан како дома. Се поздрави со поранешните соиграчи, доби овации од трибините, а додека се загреваше, неговиот поглед постојано „шараше“ низ салата.
Миленикот на навивачите на Вардар, овојпат ќе биде ривал, но сепак, пријателствата кои Игор ги има стекнато низ годините поминати во Скопје се многу посилни од секоја битка на теренот.
Фото: Томас Ѓорѓиевски