30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Карагер: Над 130 милиони за Исак се многу, Ливерпул може да го купи Мбапе за тие пари

Сагата околу преминот на Александер Исак од Њукасл во Ливерпул трае, а интересно е дека в понеделник Чавките во премиерлигашки меч се домаќини на Црвените.

Менаџерот Еди Хау посака Исак да игра за Црно-белите од северот на Англија, но мали се шансите за тоа, Швеѓанецот бојкотира и сака да оди баш во Ливерпул.

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, мисли дека сума поголема од 130 милиони фунти за шведскиот напаѓач би била превисока.

Ливерпул даде понуда од 110 милиони фунти за Исак, но беше одбиена. Се приближува крајот на преодниот рок, па се шпекулира дека Црвените се подготвуваат да достават значително повисока понуда, која би била околу 130 милиони фунти. Сепак, Карагер верува дека клубот не треба да ја надмине таа сума.

„Сакам Исак да стане играч на Ливерпул, но не по секоја цена. Тврдењето дека првата понуда од 110 милиони за Исак е скромна е далеку од реалноста. Доколку Ливерпул понуди повеќе од 130 милиони, тоа би било премногу. За тие пари би можеле да го земете Килијан Мбапе“, напиша Карагер во колумна за „Телеграф“.

Карагер потсети дека Исак во првите три сезони во Англија не започна на 36 натпревари, а 10 од неговите последни 44 гола беа од пенали. Карагер смета дека на Ливерпул му треба План Б и изборот не смее да биде Исак или никој.  

„Слот нема да ја брани титулата само со тројца напаѓачи – Салах, Гакпо и Екитике. Тие не можат да го носат товарот на постигнување голови барем без еден или двајца повеќе класични играчи во нападот, особено што Салах ќе биде надвор од игра за време на Африканскиот куп на нациите во декември. Ливерпул мора да има план Б“, додава Карагер. 

- Оглас -

Најнови вести