Интер го совлада Милан со 2-0 во првото полуфинале од Лигата на шампионите, а интересна беше анализата за досудениот, па поништен пенал за екипата на Интер.
Џејми Карагер и Тиери Анри во една телевизија, а Стивен Џерард и Рио Фердинанд во друга телевизија го анализираа натпреварот.
Карагер рече тие што мислат дека е ова е пенал, се кловнови, па запрашан на кого мисли, јасно кажа: „На Рио Фердинанд“.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед тврдеше дека конкретната ситуација е чист пенал и дека судијата неправедно го поништил.
Сепак, најинтересна е реакцијата на Тјери Анри во моментот кога Карагер рече дека Рио Фердинанд е кловн.