Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, кој работи како телевизиски аналитичар, се најде во центарот на вниманието откако пред синоќешното дерби на „Олд Трафорд“, Кристијано Роналдо избегна да се поздрави со него, а се поздрави со останатите легенди кои се ангажирани стручни коментатори.
Карагер има своја верзија зошто Португалецот не сакал да се ракува со него.
„Ме избегна затоа што од првиот ден ја кажувам вистината за него. Тоа што ме избегна, значи дека и неговиот менаџер има ист став“, напиша Карагер на „Твитер“.
https://twitter.com/i/status/1562017968955031552