Карагер со остра критика кон Ливерпул: „Против ПСЖ изгледаа како просечен нисколигаш“

Џејми Карагер упати остри критики кон тактиката на Арне Слот при поразот на Ливерпул со 0:2 од ПСЖ. И покрај тоа што „црвените“ ги задржуваат шансите за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, тие беа убедливо надиграни од актуелниот освојувач на трофејот во средата.

Холандскиот тренер се одлучи за формација со петмина дефанзивци, што воопшто не го импресионираше поранешниот стопер Џејми Карагер. „Ова беше како да гледаш екипа од пониска лига“, изјави тој. „Разликата во класа беше многу загрижувачка од аспект на Ливерпул. На некој начин, ова е одличен резултат, бидејќи требаше да биде пет или шест нула. Но јазот меѓу двата тима беше навистина шокантен, ако се земе предвид минатата сезона. Да, Ливерпул беа разбиени од ПСЖ и победија со 1:0, тоа го знаеме. Но реваншот на „Енфилд“ беше навистина израмнет натпревар меѓу два врвни тима. Потоа Ливерпул потроши 450 милиони фунти – веројатно многу повеќе отколку што потроши Пари Сен Жермен летоска. Да се види ваква разлика е загрижувачки. Си велиш: „Како дојде до ова? Како стана толку лошо?“, изјави Карагер.

„Менаџерот се обиде нешто, но направи сериозна тактичка грешка во пристапот. Всушност, беа поотворени со петмина во одбрана отколку што би биле со четворица, бидејќи играа човек на човек по целиот терен, а тројцата централни дефанзивци мораа да ја покриваат целата ширина. Но морам да кажам и дека не станува збор само за системот на Ливерпул и тактичката грешка – ПСЖ изгледаа како вонземјани. Беше како да ја гледаш Барселона на Пеп Гвардиола“, додаде Карагер.

По три последователни порази во сите натпреварувања, Ливерпул ќе се соочи со Фулам во Премиер лигата во сабота. Во моментов „црвените“ се на петтото место на табелата, само пет бода пред деветтопласираниот Фулам.

- Оглас -

Најнови вести