Карагер удри по своите: Патетичен потег на Ливерпул

Европскиот првак Ливерпул во овој кризен период направи невкусен потег и ги отпушти вработените во клубот со цел да избегне финансико оштетување, иако се стабилни во ова поле. Ваквиот потег го критикуваше нивниот поранешен капитен Џејми Карагер, кој работи како аналитичар на „Скај спортс“.

„Клоп и играчите од самиот почеток на пандемијата покажаа солидарност и се инволвирани во сите активности со цел да помогнат што е можно повеќе да се издржи кризниот период полесно. Со овој потег клубот ја загуби почитта, патетично…“, реагираше Карагер на „Твитер“.

Ливерпул им се приклучи на Тотенхем, Норич, Њукасл и на Борнмут кои исто така ги отпуштија вработените, па ќе имаат обврска да им платат само 20 отсто од редовната плата додека се во биро за невработени, а останатите 80 посто ќе им ги плаќа Британската влада.

- Оглас -

Најнови вести