Караѓумрук признава само италијански стручњаци, после Пирло, на клупата седнува Канаваро

Според најави од турски и италијански медиуми, Фабио Канаваро ќе биде нов тренер на турскиот прволигаш Фатих Караѓумрук.

Канаваро кој има 49 години, се согласил да стане тренер на Караѓумрук, и тоа е нов предизивик за него во тренерската кариера која не му е баш успешна како играчката. Канаваро бил прв тренер на Гвангџу Евергранд, на Ал Наср, на Тијанџин, на два меча беше и привремен кинески селектор, а во Италија работеше во Беневенто во Серија Б, од каде си замина во февруари после само 17 меча.

Во минатата сезона, на клупата на овој тим беше Андреа Пирло, уште еден член на генерацијата на Италија која стана светски првак во 2006 година, а пред тоа ги водеше и Франческо Фариоли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести