23.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Карамелите ги заблажуваат своите навивачи откако дојде Анчелоти

Њукасл немаше пораз на осум домашни меча по ред, но на гости му дојде Евертон кој му одржа лекција и победи со 2-1. Тимот од Ливерпул играше добро, го контролираше мечот и покажа дека напредува со тренерот Карло Анчелоти.

Доминик Калверт Луин има пет гола во последните пет кола, а претходно пет гола даде на 28 настапи. Евертон пет кола едноподруго не знае за пораз, а со Анчелоти на клупата има две победи во два меча.

Астон Вила има добиено само едно од последните 28 гостувања во Премиерлигата, а лошиот биланс го продолжи и денеска. Тимот од Бирмингем беше совладан од Вотфорд со 0-3, и остана во зоната на испаѓање, со два бода плус пред Вотфорд кој се крева од дното и има седум бода во последните три кола. Вотфорд од април наваму немаше дадено три гола на еден меч.

Кристал Палас и Саутхемптон ремизираа 1-1.

- Оглас -

Најнови вести