Карамелите претераа, бараат богатство од ПСЖ за Мојзе Кен

Евертон ја одреди цената за Мојзе Кен и Пари Сен Жермен ќе треба да одвои вистинско богатство од цели 80 милиони евра, ако сака да го задржи ова лето италијанскито репрезентативец со перманентен договор.

Кен игра како позајмен фудбалер во ПСЖ, а популарните Карамели од Англија сметаат дека тој во моментов вреди 80 милиони евра, што е и цената што ќе треба да ја плати францускиот шампион, ако сака да го задржи талентираниот 20-годишен репрезентативец на Италија.

Во август 2019 година, Кен си замина од Јувентус и потпишапетгодеишен договор со Евертон вреден 27.5 милиони евра, плус и бонуси од 2.5 милиони евра.

За ПСЖ игра како позајмен фудбалер, а на 17 натпревари во дресот на актуелниот француски првак и европски вицешампион постигна 10 гола.

Кен има и 8 настапи за Италија на кои постигна два гола.

 

- Оглас -

Најнови вести