Карамелите се стопија пред гневните Волци (видео)

Вулверхемтон со 3-0 го растури Евертон и направи исчекор кон пласманот во Лигата на Европа за следната сезона. Избраниците на Нуно Санто сосема заслужено ги освоија потребните бодови против Карамелите, воедно прекинаа лоша мини-серија од два порази во англискиот шампионат.

Домаќините доминираа од самиот почеток, но за водство чекаа дури до последните моменти од првото полувреме. Хименес реализира пенал по прекршокот на Дињ во втората минута од судиското надополнување. Волците продолжија каде што застанаа пред паузата, па веќе во 46-та минута Денднокер зголеми на 2-0. За да нема дилеми, се погрижи Жота на петнаесетина минути до крајот на мечот.

https://twitter.com/OnlyFootballCl1/status/1282285631721308160

Вулверхемптон во последните три кола од Премиер лигата ќе влезе како шестопласирана екипа со 55 бода, зад Манчестер јунајтед кој има три бода повеќе. Евертон засега е на 11-тото место со 45 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести