5.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Карасманакис го скрши прстот, Кире Лазаров го повика Никола Маркоски во националниот тим

Прво откажување во македонската ракометна репрезентација пред Европското првенство во јануари. Пикерот Валентин Карасманакис нема да настапи на ЕП во Данска, Норвешка и Шведска поради скршен прст, повреда што ќе го спречи да игра најмалку еден месец. Со тоа, неговата шанса за настап на шампионатот е завршена.

На негово место, селекторот Кирил Лазаров повика искусниот Никола Маркоски.

Македонија утре патува за Пореч, каде ќе продолжи со подготовките и ќе одигра контролен натпревар против Хрватска. Во следниот период, предвидени се и пријателски средби против Бахреин, Украина, Швајцарија и уште еден противник.

На Европското првенство, Македонија ќе игра во групата во Хернинг, Данска, каде ќе се соочи со домаќинот, како и со Португалија и Романија.

- Оглас -

Најнови вести