Каравев е херојот на Динамо Киев, го натера голманот сосе топка да влезе во голот (видео)

Динамо Киев се пласира во третото квалификациско коло во ЛШ по гостинскиот триумф над Фенербахче од 2-1 по 120 минути игра.

Украинскиот првак беше на прагот од важната победа пред истекот на регуларните 90 минути, со голот на Бујалски од 57-мата минута, но Салаи донесе израмнување за Фенер за да се игра дополнително уште половина час.

Решавачкиот момент се случи во 114-тата минута, кога силниот удар на Караев го натера домашниот голман сосе топка да влезе во голот.

Динамо во третото коло се среќава со Штурм Грац.

- Оглас -

Најнови вести