12.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Кардиф ќе биде домаќин на отворањето на ЕВРО 2028, а финалето ќе се игра на „Вембли“

Првиот натпревар на Европското првенство во 2028 година ќе се одигра во Кардиф, одреди УЕФА.

Двете полуфиналиња и финалето на ЕП 2028 ќе се одржат на легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон.

УЕФА потврди дека првиот натпревар од шампионатот ќе се одигра на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф. Четвртфиналните натпревари ќе се играат во Кардиф, на стадионот „Авива“ во Даблин, на „Хемпден парк“ во Глазгов и на „Вембли“ во Лондон.

Другите стадиони што ќе бидат домаќини на натпревари се: „Етихад“ во Манчестер, „Тотенхем Хотспур Стадиум“ во Лондон, „Вила парк“ во Бирмингам, новиот стадион на Евертон – „Хил Дикинсон Стадиум“, „Сент Џејмс парк“ во Њукасл.

Домаќини на турнирот ќе бидат Англија, Шкотска, Велс и Ирска. На првенството ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации — 20 преку квалификации (12 победници на групите и осумте најдобри второпласирани селекции). Останатите две места ќе се пополнат преку плејоф во кој ќе настапат деветтата и десеттата второпласирана селекција и двете најдобри репрезентации според пласманот во Лигата на нации.

Ждребот за квалификациите за ЕВРО 2028 ќе се одржи во Белфаст на 6 декември 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести