Кардиф плати 17 милиони евра за Сала, што ќе биде сега со тие пари?

Полицијата и спасувачките служби синоќа ја прекинаа потрагата по авионот кој исчезна во понеделникот, а во него беа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот кој го управувал леталото. Авионот се движел од Нант кон Кардиф, каде што Сала требаше да му се приклучи на тимот на Кардиф. Аргентинецот минатата недела го комплетираше договорот вреден 17 милиони евра и стана најскап фудбалер во историјата на клубот. Сепак, трагедијата го спречи да одработи тренинг со новиот тим, а не пак да дебитира.

Иако човечкиот живот нема цена, прашање е што ќе се случи со парите кои се договорени за трансфер на Сала од Нант во Кардиф.

Според правилата на ФИФА, Кардиф е должен да ги исплати парите кои се договорени од трансферот бидејќи било дозволено да се направи трансферот, Сала веќе бил регистриран во Фудбалската федерација на Велс. ФИФА го потврдила трансферот и тоа само три часа пред да се случи исчезнувањето на Сала, бидејќи било констатирано дека двата клуба ги задоволиле сите 23 критериуми за да се реализира трансферот.

Кардиф веќе ја има исплатено првата рата од договорот, вредна шест милиони евра. Преостанатите 11 милиони евра ќе бидат платени во две рати, што е вообичаена пракса. Нант ќе си ги добие парите, но ни Кардиф нема да биде во загуба. Сите играчи во најсилните лиги се осигурани, а во нивните полиси стои клаузула како оштета во случај на ваквна трагична ситуација.

Осигурувањето ќе го покрие целиот износ кој Кардиф ќе го плати на Нант за Сала, но парите ќе бидат префрлени за неколку месеци. Челниците на Кардиф побараа да им се дозволи да им го продолжат преодниот рок за да може да се обидат да најдат ново засилување, но ова нивно барање беше одбиено. Преодниот рок во Англија за сите екипи ќе заврши на полноќ на 31-ви јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести