Кардиф сега бара богатство од Нант за смртта на Емилијано Сала

Смртта на Емилијано Сала од пред три години ја потресе светската фудбалска јавност. Како што е добро познато, Аргентинецот договори трансфер од Нант во Кардиф вреден околу 15 милиони евра, но никогаш не заигра за тогашниот премиерлигаш бидејќи авионот во кој беше тој се урна.

Оттогаш има започнато истрага, која за волја на вистината, не ѝ се гледа за брзо крајот, а сега има нов момент откако Кардиф испрати тужба до Нант во која бараат да им се исплатат 80 милиони евра.

Од тимот од Велс сметаат дека со головите на Сала, ќе опстанеле во Премиер лигата, а поради испаѓањето, претрпеле големи загуби, со оглед на тоа дека во Чемпионшип тимовите добиваат многу помалку пари.

Дури и тогашниот тренер на Кардиф, Нил Ворнок, своевремено кажа дека најверојатно со головите на Сала, Кардиф ќе останел во Премиер лигата. Пред три сезони овој тим испадна само со два бода помалку од Брајтон, којшто остана во елитата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести