Кари броеше до 49 во нов меч со 10+ тројки, Јокиќ ги скроти Мечките со 47 поени (Видео)

Стефон Кари и Никола Јокиќ играат импресивно и се во трка за признанието најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.

Кари повторно беше брилијантен со 49 поени во победата на Голден стејт вориорс против Филаделфија од 107:96.

Бекот на Воините пак погоди двоцифрен број на тројки, точно 10, и на последните 10 натпревари има постигнато вкупно 72 тројки.

На шест натпревари сезонава постигнуваше 10+ тројки, што е импресивен учинок ако се знае дека ниту еден друг кошаркар нема таков учинок во целата кариера, а максимумот е пет пати по 10+.

Јокиќ има слична задача како и Кари, да го влече тимот додека втората ѕвезда е повредена, а за Денвер не игра Џамал Мареј, исто како и Клеј Томпсон кај Вориорс.

Популарниот Џокер постигна 47 поени, гарнирани со 15 скока и 8 асистенции во победата против Мемфис гризлис.

Јокиќ погоди и клучна тројка во регуларниот дел што заврши нерешено 116:116, за потоа Денвер да победи со 139:137.

Одлична ноќ имаше и Крис Пол, бекот на Феникс санс на дуелот со Милвоки бакс. Сонцата победија по продолженија со 128:127, а Пол со 13 асистенции на мечот го мина легендарниот Меџик Џонсон на вечната листа со играчи кои имаат најмногу додавања во историјата на НБА-лигата.

Пол е петти и како асистент и по бројот на украдени топки и е единствен со Џон Стоктон (прв асистент и прв крадец на топки) и Џејсон Кид (2,2), што е во Топ-5 во двете категории.

 

- Оглас -

Најнови вести