Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, за медиумите во САД изјави дека го следел емотивното простување на навивачите на Партизан од Дејан Милојевиќ и посакува нешто слично да направат и Воините.
Натпреварот помеѓу Партизан и Мега кој се играше завчера во рамките на АБА-лигата го следеа рекордни 23.021 гледач, кои за последен пат се простија од поранешниот играч на Црно-белите и поранешен тренер на Мега.
https://twitter.com/i/status/1749504578238747069
„Го гледав натпреварот на неговите два поранешни тима во Србија. Не можам ниту да замислам како би било да сум во салата и да ја почувствувам таа енергија. Сакаме да направиме нешто слично и ние. Целата организација на Голден стејт е во шок, ќе се обидеме да се вратиме на „работа“, разговаравме, но тешко е. Во иднина ќе се чувствува голема загуба во нашата организација. Дејан секогаш носеше позитивна енергија во соблекувалната“, изјави Кари.
На следниот натпревар на Голден стејт, кошаркарите ќе настапат со специјални дресови, на нив ќе ги има иницијалите ДМ.