Кари и Воините за историскиот дебакл во Бостон ќе мора да се вадат против вториот најдобар тим на Истокот (Фото)

Вечерва во арените во САД ќе се одиграат осум натпревари во НБА-лигата и сите имаат по 154 комбинации за играње. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

На три средби големи фаворити се гостите, а „сигурица“ треба да бидат Оклахома сити, која игра против Портланд, и ЛА клипер,с кој му гостува на Хјустон.

 

Дербито на вечерта ќе се игра во „Чејс центарот“ во Сан Франциско, каде што Голден стејт вориорс ќе игра против Милвоки бакс.

Воините во последниот натпревар доживеаја вистински дебакл на гостувањето кај најдобриот тим во лигата, Бостон селтикс, губејќи со неверојатни 52 поена (140:88) и вечерва ќе мора да се вадат против вториот тим на Истокот.

Милвоки бакс се наоѓа во серија од шест победи по ред и со учинок 41-21 го прескокна Кливленд (40-21) на второто место на Истокот.

На последните седум меѓусебни средби, домаќинот победувал, но вечерва Стеф Кари и соиграчите ќе мора да дадат 110 отсто од можностите за да слават против Милвоки, каде што сè подобро како тандем играат Јанис Адетокумбо и Дамиан Лилард.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 54-ица играчи кои ноќеска треба да се појават на паркетот се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.

Фаворити за плус поени над предложената граница се Дамијан Лилард, Јанис Адетокумбо, Стеф Кари, Џонатан Куминга, Тобајас Херис…

- Оглас -

Најнови вести