Кари против Детроит ќе оди над 28 поени

8559 Детроит пистонс – Голден стејт вориорс (01.00 часот)

Детроит уште нема победа во новата сезона, на 0-3 е, играше и синоќа, па може да биде заморен, а Вориорс по двата убедливи порази, вчера со ефикасна игра победи минимално против Чикаго. Голден стејт цели две години нема гостувано во Детроит, а последниот пат кога играа во „Литл Цезарс арената“, загуби од Клиповите. Стеф Кари против Булс даде 36 поени, а шутот уште не му е како што сака (погодува само 25,7 проценти од обидите за три поени).

Предлог тип: Стеф Кари >27.5 (1.90)

 

8561 Филаделфија 76 ерс – Торонто репторс (01.00 часот)

Филаделфија има две победи и еден пораз, додека канадскиот тим не ја почна добро сезонава, уште нема победа, но одигра само два меча. Во август, Торонто ја победи Филаделфија со 125-121, тоа беше меч на кој Коркмаз даде 21 поен, но Турчинот вечерва ќе го нема кај Сиксерс. Домашниот терен знае да биде предност во дуелите на овие два тима. Торонто е поефикасен тим и ако одигра одбрана, може да се надева на триумф.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

8563 Мајами хит – Милвоки бакс (01.30 часот)

Бакс не тргнаа како што посакуваат, имаат 1-2, победија само кога примија под 100 поени, додека Хит исто така е променлив на стартот на сезоната, има 1-1 по две одиграни средби. Кај Мајами неизвесен е настапот на нивниот клучен играч Џими Батлер. Ова е нивен прв меѓусебен дуел откако Жешките со 4-1 ги елиминираа Елените во плејоофт, па Јанис Адетокумбо и другарите имаат мотиви да се реваншираат.

Предлог тип: >222.50 (1.87)

 

8567 Сакраменто кингс – Денвер нагетс (04.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои редовно и даваат и примаат троцифрен број поени. Кингс има 2-1, а Нагетс 1-2. Денвер славеше синоќа, кога Никола Јокиќ направи трипл-дабл со необично голем број асистенции за еден центар. Интересно е што два од последните три меѓусебни дуели на овие тимови завршија нерешено по регуларните 48 минути и се играше продолжение. Кралевите дома не го победиле Денвер од јануари 2018 година.

Предлог т­ип: Т1/Т2 <107.50 (1.73)

 

Феникс санс – Њу Орлеанс пеликанс (04.00 часот)

Двата тима имаат по 2-1, двата тима победија во првиот и третиот, а загубија во вториот натпревар сезонава, а речиси се изедначени и по бројот на примени поени. Разликата е што Феникс е малку поефикасен. Против Сакраменто, тројца играчи на Санс имаа 20 или повеќе поени. Пеликаните двапати примаа под 100 поени, нивно оружје во нападот се крилниот центар Вилијамсон и Инграм, додека кај Феникс најопасни се бековите, па ова ќе биде дуел и на две различни концепции.

Предлог тип: 1 (1.67)

- Оглас -

Најнови вести