Кари против Кари на НБА ол-старот

Кошаркарот на Портланд трејлблејзерс, Сет Кари, ќе биде еден од предизвикувачите на брат му Стеф во натпреварот во шутирање тројки на претстојниот ол-стар викенд во НБА лигата.

Сет Кари не е прославен како брат му Стеф, но во јануари погодува 48 отсто од обидите за три поени. Стеф од Голден Стејт кој е трети по број на погодени тројки во историјата на лигата, месецов има просек од 44,4 проценти реализација, но има и многу повеќе обиди од Сет.

Годинава ол-старот се игра во Шарлот, родниот град на Сет, а Стеф дел од детството го мина таму, бидејќи нивниот татко Дел, играше за Хорнетс. Затоа на 16 февруари браќата ќе се борат еден против друг во својот град. Стеф победи на натпреварот во шутирање тројки во 2015 година, а лани не учествуваше. Меѓу тројкашите најверојатно за последен пат ќе се појави и ветеранот Дирк Новицки кој победи во 2006 година.

- Оглас -

Најнови вести