Стефон Кари прв стаса до 100 тројки во НБА, просекот му е одличен и не му е првпат (Видео)

Стефон Кари повторно блеска во НБА лигата, а Голден стејт вориорс со него на чело моментно е најдобрата екипа во најсилната кошаркарска лига.

Бекот на Воините постигна 33 поени во победата од 105:90 против Лос Анџелес клиперс и прв стаса до 100 тројки по само 20 одиграни натпревари, или во просек има по пет тројки на натпревар.

Кари постигна 7 тројки од 13 обиди против Клиперс и во три сезони, оваа, и во 2015/16 и 2018/19 прв ја пробиваше границата 100 во постигнати тројки.

Голден стејт има 7 победи по ред и најдобар биланс во НБА од 18-2. Клиперс играат без првата ѕвезда Кавај Ленард од почетокот на сезоната и сега се на петтото место во Западната конференција со учинок 11-9.

Ист број на поени како Кари, 33 имаше и Леброн Џејмс во триумфот на Лос Анџелес лејкерс против Детроит пистонс со 110:106.

И двете останати големи ѕвезди во тимот, Расел Ветсбрук со 25 поени и Ентони Дејвис со 24 одиграа одличен меч за биланс 11-11 на еден од главните фаворити за титулата.

Во серија од 7 победи како Голден стејт е и шампионот Милвоки бакс по триумфот од 118:110 против Индијана пејсерс.

Мемфис гризлис беа убедливи и славеа со 128:101 против Сакраменто кингс и без најдобриот кошаркар, Џа Морант, кој се повреди на претходниот меч.

Бостон селтикс убедливо го надиграа и победија Торонто репторс со 109:97 на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести