Карик е бесен: Не знам како судијата досуди пенал, а за истата ситуација на спротивната страна немаше пенал

Манчестер јунајтед два пати водеше на гостувањето кај Борнмут, но на крајот дуелот заврши без победник, 2:2. Сите четири погодоци беа постигнати во последните 30 минути од мечот. Најпрво беше досуден пенал за Манчестер кој го реализираше Бруно Фернандеш, за веднаш потоа домаќините да израмнат на 1:1.

Потоа следуваше автогол на Борнмут, но домаќините повторно израмнија во 81 минута и тоа од пенал, откако Хари Мегваер турна еден противнички играч во шеснаестникот и затоа доби и црвен картон. По мечот, тренерот на Манчестер, Мајкл Карик беше многу лут и незадоволен од судискиот критериум.

Стратегот на Манчестер потсети дека во шеснаесетникот на Борнмут имало иста ситуација која Диало беше со двете раце оттурнат од противникот, но судијата тогаш не досуди пенал за Манчестер. Интересно е дека токму по таа спорна ситуација, Борнмут ја освои топката, организираше напад и постигна гол за 1:1 во тој момент.

„Разочаран сум. Создадовме многу шанси, но не стигнавме до победата. Имавме голема шанса да поведеме и со 2:0, но судијата реши дека нема пенал за нас. Потоа на спротивната страна за истата ситуација досуди пенал за Борнмут. Ситуациите беа идентични, имаше туркање со двете раце. Судијата згреши во една од ситуациите, затоа што мислам дека двете ситуации беа за пенал. Тоа беше клучен момент на мечот кој направи хаос. Не знам како може еднаш да не досудиш пенал, а потоа да свириш пенал за истата ситуација“, револтирано коментираше Карик.

Со овој освоен бод Манчестер стигна до 55 и е сигурен на третото место на табелата, додека Борнмут сега има 42 бодови и е на 10-тото место.

Најинтересните моменти од мечот, меѓу кои се и двете ситуации за кои зборува Карик, може да ги видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести