Карик ќе добие долгорочен договор, но и неочекувано висока плата во Манчестер јунајтед

Манчестер Јунајтед донесе одлука за својот привремен менаџер Мајкл Карик! Се очекува тој да добие постојан тригодишен договор вреден 16 милиони фунти.

Како што е познато, Карик ги презеде „црвените ѓаволи“ по задоцнетата смена на Рубен Аморим, а неговото назначување се покажа како неочекувано успешно.

Под негово водство Манчестер Јунајтед доживеа вистинска преродба – и резултатски и во начинот на игра.

Во моментов англискиот гигант се наоѓа на третото место во Премиер лигата со 51 бод и сигурно чекори кон целта поставена за оваа сезона – пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести