27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Карик направи нешто што 90 години се чекаше во Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед победи во првиот меч по заминувањето на Оле Гунар Солскјер од тренерската позиција. На местото на Солскјер, како привремен тренер е назначен Мајкл Карик, кој беше помошник на норвешкиот стратег.

Дебито како главен тренер Карик го имаше на гости кај Вилјареал во Лигата на шампионите, а Манчестер јунајтед победи со 2:0. Со овој триумф, Црвените ѓаволи си обезбедија место во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Победата на Манчестер го направи Карик првиот англиски тренер што успеал да победи во дебито на клупата на Црвените ѓаволи во последните 90 години. Во далечната 1931 година, Валтер Крикмер беше последниот англиски тренер кој во дебито на клупата на Манчестер јунајтед успеал да победи.

- Оглас -

Најнови вести