9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Карик не е ниту Аморим, ниту Тен Хаг: Нови правила на „Олд Трафорд“!

Манчестер јунајтед има три победи по ред под водство на Мајкл Карик, и тоа не против кого било, туку против градскиот ривал Сити, лидерот на табелата Арсенал и над Фулам.

Сека Мајкл Карик не е ниту Ерик тен Хаг ниту Рубен Аморим, доволно говорат информациите од Островот, според кои правилата на „Олд Трафорд“ се менуваат.

Досега пракса беше по натпреварите, фудбалерите кои одиграле помалку од 45 минути да имаат комплетен тренинг, а останатите да дојдат во тренинг-центарот и да минат фаза на рекуперација. Сепак, Карик воведе задолжителен слободен ден за сите фудбалери без исклучок по секој меч.

Има промена и во пристигнувањето на екипата на стадионот пред натпреварите. Досегашната пракса беше Црвените ѓаволи да бидат на стадион четири часа пред натпреварите, што сега се менува и ќе пристигнуваат многу подоцна.

Овие правила ги воведе Ерик тен Хагг, а продолжија и под водство на Рубен Аморим, но сега се променети.

Мајкл Карик сè уште е само привремен тренер на Манчестер јунајтед со мандат до крајот на оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести