Менaџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, го коментираше ремито 1-1 на гостувањето кај Вест хем. Црвените ѓаволи дојдоа до бод со голот на Бењамин Шешко во судиското продолжение.
„Игравме нормално. Останавме малку разочарани бидејќи дефинитивно не ја покажавме најдобрата верзија на која сме способни. Токму во такви ситуации треба да најдеш излез и да продолжиш напред. Малку сум лут. На овој стадион се игра тешко, а во нашите акции недостигаше доволно острина за да најдеме правилни решенија. Сепак, повторно покажавме одличен тимски дух“, изјави Карик.
„Шешко постигна прекрасен гол. Го направи тоа повторно. Тоа е важно. Изведбата беше совршена. Многу сум среќен за него“, додаде стратегот на Манчестер јунајтед.
„Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме и времето колку работиме заедно, ремито не е толку лош резултат. Не беше лесно, но најдовме начин да дојдеме до бод“, заврши Карик.

