9.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Карик: Сѐ уште сме на почетокот од патот, но ова е добра појдовна точка

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, е задоволен од настапот на тимот по победата од 2-3 над Арсенал. По натпреварот тој го истакна карактерот на своите фудбалери и призна дека екипата сè уште е во почетна фаза од својата работа.

„Знаевме дека почетокот на мечот ќе биде таков и се обидовме да го свртиме текот во наша корист. Бевме свесни како ќе се развива натпреварот. Постепено почнавме подобро да ја контролираме топката, да играме посмирено и во одредени моменти почувствувавме налет на самодоверба“, објасни поранешниот играч од средниот ред.

„Имаше период кога почнавме да ја преземаме иницијативата, но противникот го отвори резултатот, што беше разочарувачки. Сепак, покажавме карактер и успеавме да се вратиме во натпреварот. Имаше моменти кога моравме компактно да се браниме. Противникот нè притисна, но останавме самоуверени. Не престанав да верувам дека ќе постигнеме гол“, сподели Карик.

„На гостувањата е важно да ги почувствуваш фазите на натпреварот, да бидеш трпелив и дисциплиниран. Нашите навивачи беа неверојатни. Во одредени периоди добро ја контролиравме топката, напаѓавме решително и бевме наградени за тоа“, нагласи менаџерот на Црвените ѓаволи.

„Работам тука само десет дена и знаеме дека нема сè да биде совршено. Не можеш веднаш да очекуваш целосна доминација. Сè уште сме на почетокот од патот, ова е добра појдовна точка, но мора да продолжиме да градиме и ќе се обидеме да го направиме тоа во следните недели“, додаде Карик.

По победата на „Емирати“, Манчестер јунајтед сега е четврти на табелата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести