5.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Карик сака да направи потег кој во Манчестер јунајтед не е виден речиси 30 години

По назначувањето на Мајкл Карик за привремен тренер на Манчестер јунајтед, расположението во англискиот гигант е многу подобрено. Со Карик на клупата, Манчестер успеа да ги победи големите ривали Манчестер сити (2:0) и Арсенал (3:2), па тимот полека се враќа во трка за горниот дел од табелата.

Манчестер јунајтед моментно е на четвртото место, што значи дека тимот може да се бори и за позиција која води во Лигата на шампионите. Челниците на Црвените ѓаволи засега се презадоволни од тоа што Карик го промени во филозифијата и играта на тимот. Зголемени се интензитетот на играта, компактноста, агресивната одбрана, како и контролата на топката.

Ако тимот продолжи со добри резултати, може да се случи Карик да добие и продолжување на договорот, односно да остане на клупата и по завршувањето на актуелната сезона.

Уште сега се шпекулира дека Карик ако остане на клупата, подготвува нешто што не е видено речиси 30 години во Манчестер јунајтед, а тоа е да биде направена претсезонска летна турнеја во Хелсинки и Гетеборг. Манчестер јунајтед традиционално со години во летниот период заминува на турнеи во САД, Азија или Австралија, но не и некаде во Европа.

Последен пат Манчестер јунајтед има играно во Финска во далечната 1965 година против ХЈК Хелсинки, додека во Гетеборг последен пат гостувал во 2016 година, на пријателски меч против Галатасарај.

Последната официјална турнеја на Манчестер јунајтед во Скандинавија била во 1998 година, кога тренер беше легендарниот Сер Алекс Фергусон. Очигледно дека Карик сака да примени дел од „тајните финти“ на легендарниот Фергусон, кој точно знаеше како да ја подготви екипата во претсезонскиот период.

- Оглас -

Најнови вести