6.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Карик сè уште нема дебитирано, а Ретклиф веќе се подготвува да го смени

Мајкл Карик во сабота ќе го има дебито на клупата на Манчестер јунајтед, и тоа во градското дерби против Сити. Тој успеа да го „победи“ Оле Гунар Солскјер во битката за привремен тренер на Црвените ѓаволи, а сега се надева ќе добие и долгорочен договор, но за тоа ќе треба да почне да победува на терен.

Сепак, поради неколку одлуки на новиот тренер, Џим Ретклиф веќе размислува и кој ќе го наследи Карик. Сега прв кандидат е Јулијан Нагелсман, кој веќе е контактиран и неофицијално прифатил да седне на клупата на Манчестер јунајтед по завршувањето на Светското првенство, со оглед дека во моментов е селектор на Германија.

Проблемите кои ги направи Мајкл Карик се неговото барање на двајца нови фудбалери, кои раководството немало во план да ги купи бидејќи сака да се врати на формацијата 4-2-3-1, но и одлуката да не ги продава Циркзе, Угарте и Мејну.

Тоа многу го налутило Ретклиф, кој веднаш го контактирал Нагелсман, па сега за очекување е дека Црвените ѓаволи од летово ќе започнат „нова ера“.

- Оглас -

Најнови вести