9.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Карик со порака до навивачите: „Имаме јасна слика како сакаме да излгеда Манчестер јунајтед“

Манчестер јунајтед игра во одлична форма и има три првенствени победи по ред, и тоа не против кого било, туку против градскиот ривал Сити, лидерот на табелата Арсенал, како и против Фулам.

Привремениот тренер на Црвените ѓаволи, Мајкл Карик, не го крие задоволството од резултатите, но и најавува дека имаат јасна слика како сакаат да изгледа клубот во иднина.

„Искрено, на самиот почеток, кога започнавме, сè се одвиваше чекор по чекор, така што не гледам премногу далеку однапред. Луѓето зборуваа дека првите два натпревара биле исклучителни, очекуваа тежок старт и на некој начин тоа веројатно му помогна на целиот тим да се фокусира и, ако сакате, да се наполни со дополнителна енергија за тие два натпревара. Но, секако, со текот на времето развивме јасна слика за тоа како сакаме да изгледаме. Откако сме тука, стана многу појасно каде сакаме да стигнеме и како сакаме да играме. Секако, трите победи беа фантастични на различни начини, па затоа сме уверени дека има голем напредок во тимот и во составот и дека ова е добар почеток

- Оглас -

Најнови вести