8.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Карик во Манчестер сака да направи нешто што не се случило дури 62 години

По доведувањето на Мајкл Карик за тренер на Манчестер јунајтед, клубот се стабилизира, посебно на резултатски план. Црвените ѓаволи во последните пет кола имаат четири победи и едно реми и сега се на четвртото место на табелата, што значи дека го зголемија апетитот за влез во Лигата на шампионите за следната сезона.

Токму затоа Карик веќе размислува за нови летни засилувања, а интересно е дека планот на менаџерот е да „украде“ фудбалер на Ливерпул. Манчестер јунајтед и Ливерпул се двата најтрофејни клубови кои имаат вековен ривалитет.

Токму поради нивниот ривалитет, постои едно „непишано правило“ двата клуба да не „пазарат“ едни од други, кога се работи за доведување нови играчи.

Последен пат кога еден играч преминал од едниот во другиот гигант се случи во далечната 1964 година, кога Фил Чиснал направи трансфер од Манчестер во Ливерпул. Цели 62 години не се случило некој друг ваков трансфер, а најавите се дека во летото кое доаѓа може да се прекине таа традиција.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Карик го има „пикирано“ Алексис Мекалистер, кој моментално го носи дресот на Ливерпул.  Аргентинскиот репрезентативец имаше одлична прва сезона во Ливерпул, кога тренер беше Јирген Клоп. Сепак, сезонава Мекалистер се мачи да ја врати најдобрата форма. Во 37 меча кои ги одигра има само три гола и четири асистенции, па можно е да се случи и да ја промени средината на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести