Карим Бензема на својот 35-ти роденден стави крај на репрезентативната кариера

Најдобриот фудбалер за 2022 година, Карим Бензема, денеска го прославува својот 35-ти роденден, а преку социјалните мрежи објави повлекување од француската репрезентација.

Бензема пред неколку дена најави дека „не е заинтересиран“ и сега е јасно дека станувало збор за неговата иднина во националниот тим. Со останувањето на Дидие Дешан на селекторската функција, за Бензема немаше иднина во тимот, колку и да е добар и да може да им помогне на Триколорите.

Како репрезентативец на Франција, капитенот на Реал Мадрид имаше 97 настапи, на кои постигна 37 гола. Единствен трофеј му беше тој во Лигата на нациите во 2021 година. Бензема беше на списокот за настап на СП во Катар, но не отпатува со тимот поради повреда која го спречуваше да игра на мечевите до финалето.

- Оглас -

Најнови вести