2.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Карим Бензема си заминува од Ал-Итихад, но нема да се врати во Европа

Карим Бензема и дефинитивно нема да остане во Ал-Итихад откако влезе во конфликт со раководството на клубот. Се шпекулираше дека тој ќе се врати во Европа и ќе го засили Јувентус, но до такво нешто нема да дојде.

Французинот ќе остане во Саудиска Арабија, но ќе игра за Ал-Хилал, откако двата клуба се договорија за неговиот трансфер.

Ал-Итихад не сака да го задржи ако играчот не е задоволен и само да му исплаќа платата до крајот на оваа сезона, кога му истекуваше договорот, па се најде соломонско решение со Ал-Хилал.

Во трансферот прсти имаат вмешано и челните луѓе на фудбалот во Саудиска Арабија, бидејќи оваа земја на Блискиот Исток не сака да загуби голема ѕвезда како што е Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести