Кариоките го чекаат Чиле, Холанѓанките се борат за прво финале на СП за жени

Чиле – Перу (02:30 часот – полуфинале, Копа Америка)

Синоќешниот спектакл меѓу Бразил и Аргентина заврши во корист на Кариоките, а ноќта меѓу среда и четврток ќе го добијат противникот во финалето на Копа Америка. Бранителот Чиле ја има фаворитската улога во пресрет на мечот против Перу. На чело со Алексис Санчес, двократниот јужноамерикански првак цели на трето финале во низа и големи се шансите да го оствари тоа.

Перу ја доби последната пресметка против Чиле која се одигра во октомври минатата година, но тоа беше само пријателски меч. Претходните четири дуели им припаднаа на Чилеанците, додека од 2011 година наваму само уште еднаш претрпеа пораз од противникот во полуфиналето. Кога и да играат меѓусебе, голови не недостасуваат, па нека биде така и во овој дуел.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.10)

 

Холандија – Шведска (21 часот – полуфинале, Светско првенство за жени)

САД го чека противникот во финалето од женскиот Мундијал. Холанѓанките целат на триумф со кој за првпат во својата историја ќе дојдат до шанса да се борат за светскиот трон, додека, пак, Швеѓанките во своето трето полуфинале ќе се обидат по вторпат да се пласираат на завршницата.

Шведска мина потежок пат за да дојде до оваа фаза од натпреварувањето. Беше во група со актуелниот светски првак, потоа ги елиминираа Канаѓанките и двократните светски шампионки Германките. Холандија, пак, преку Јапонија и Италија се наметна меѓу четирите најдобри селекции.

Во пресрет на шестиот меѓусебен дуел, Холандија и Шведска трагаат по трета победа. Првите два меча ги доби Шведска со идентични 2-1, Холандија се радуваше со 2-0 и 1-0, додека еден дуел заврши со 1-1.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.45)

 

Јанг лајонс – Хоум јунајтед (13:45 часот – Премиер лига Сингапур)

Младите лавови цврсто стојат на дното на табелата во најсилната сингапурска лига само со 10 бода по 11 одиграни натпревари, од кои седум ги загубија. Денес им гостува тимот против кого немаат остварено победа повеќе од четири години. Фудбалерите на Хоум добија 10 од последните 12 меча против Јанг лајонс, а се чини дека таа долга серија ќе продолжи и по овој меч, а воедно ќе постигнат два или повеќе гола.

Предлог тип: Т22+ & ГГ (2.55)

 

Карен Хачанов – Фелицијано Лопес (15:30 часот – второ коло, Вимблдон)

Хачанов е еден од младите тенисери од кого се очекува висок пласман на Вимблдон, а следна пречка му е Шпанецот Лопес. Досега овие двајца тенисери се сретнаа двапати. Во март годинава Хачанов триумфираше на Индијан велс со 2-1, додека првата средба ја одиграа три години претходно на турнир во Кина, кој исто така му припадна на деветторангираниот тенисер според АТП.

Русинот завчера беше изненаден од упорноста на Кореецот Квон-Сун, па мораше да бара победа по четири сета. Лопес лесно се справи со Американецот Џирон, го совлада за час и половина, но денешната пресметка може да изненади со голем број гемови.

Предлог тип: >42,5 гемови (1.90)

 

Кајл Едмунд – Фернандо Вердаско (15:30 часот – второ коло, Вимблдон)

Уште еден натпревар од Отвореното првенство во Лондон кој може да се типува на вкупен број гемови. Како договорени, двајцата тенисери триумфираа во првото коло со идентични 3-0 во сетови против Мунар, односно Мајчрзак, и тоа сите сетови добиени со 6-4.

На Вердаско му припаднаа двата меча против Едмунд, со идентични 2-1 се радуваше и во Виена лани и во Рим пред околу два месеца.

Предлог тип: <41,5 гемови (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести