11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Кариус ги мина лекарските прегледи, ќе потпише за Шалке 04

Германскиот голман Лорис Кариус, ќе потпише договор со Шалке 04, откако денеска ги мина лекарските прегледи.

Кариус кој е поранешен чувар на мрежата на Мајнц и Ливерпул, се „прослави“ со двата кикса во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година кога како голман на Ливерпул му подари два гола на Реал Мадрид, и од тогаш кариерата му е во надолна линија.

Црвените не му простија и го позајмуваа во Бешикташ и Унион Берлин, потоа Кариус замина во Њукасл за кој имаше само еден настап. Во последните пет години, Кариус има брането на само пет меча. Во слободно време работеше и како диџеј. Сега ќе застане на голот на Шалке кој моментно е 13-ти во втората германска лига.

За разлика од фудбалските терени, на Кариус добро му оди надвор. Тој ја „ќари“ познатата убава италијанска новинарка Дилета Леота која сега му е сопруга и со која имаат дете. Леота сакаше Кариус да брани во Италија за да бидат заедно, но ниту еден тим не беше заинтересиран за него, па мораа да направат компромис, Гелзенкирхен не е толку далеку од северот на Италија и Кариус ќе се обиде да си ја спаси кариерата.

- Оглас -

Најнови вести