Лорис Кариус беше под голем притисок по неколку кардинални грешки, особено на голот на Ливерпул во финалето на ЛШ против Реал Мадрид, но денеска покажа дека сепак знае да брани и тоа одлично.
Со две прекрасни интервенции го спаси Бешикташ од пораз на гостувањето кај Аланија во меч од турското првенство. Дуелот заврши нерешено, а Лорис особено се истакна со одбраната во судиското продолжение, во последните моменти кога спаси чист гол и му донесе еден бод на гигантот.