Кариус веќе во третиот меч на голот на Шалке направи кикс поради кој неговиот тим загуби (Видео)

Шалке загуби на свој терен со 1:2 од Хановер во меч на кој тимот од Гелзенкирхен имаше водство до 87 минута. Во последните неколку минути, Хановер постигна два гола и на крајот стигна до победа.

Погодокот за победа Хановер го постигна по еден изведен корнер, кога голманот на Шалке, Лорис Кариус лошо ја процени топката, не успеа да ја исфрли и таа заврши во неговата мрежа.

За Кариус ова е само трет меч на голот на Шалке и веќе се истакна со својата несигурност, поради која неговиот тим загуби.

- Оглас -

Најнови вести