Кариус за првата средба со Дилета: Веднаш ми се допадна, а не знаев која е!

Германскиот голман Лорис Кариус, кој е најпознат по киксевите во финалето на Лигата на шампионите од 2018 година и по бракот со познатата убава италијанска новинарка Дилета Леота, раскажа како се запознал со Дилета.

„Тоа беше во Париз. Многу ми се допадна на прв поглед кога ја видов и знаев дека гледам во некоја посебна личност. Тогаш не знаев која е, ниту таа знаеше кој сум и тоа е убаво и ретко во ера на интернет и социјални мрежи“, раскажува Кариус, кој е трет голман на англиски Њукасл.

Запознавањето беше пред околу една година, а неодамна Дилета ја роди ќерката Арија, која е плод на нејзината љубов со Кариус.

„Дилета секогаш е позитивна и насмеана, има весел карактер. Се грижи за мене, убаво ми е кога сме заедно“, вели Кариус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести